Еден од меѓународните настани кои во 2010 годдина, пред 10 години се случија во Битола беше светскиот настан “Трка за мирот“, односно помина низ Битола, започна со своите сеќавања за деновите пред 10 години, Димче Миновски, хроничар и доајен на битолското новинарство.
Миновски за патеката по која по која помина “Трката на мирот вели дека се движела од влезот во Битола, кај кружниот тек Дулие, се движеја по ул. “Филип Втори Македонски“, па продолжија на паркинг просторот кај Саат Кулата, до плоштадот “Магнолија“.
-Со трчањето во сите овие предели може да ги поврземе сите тие луѓе кои што се тука од различни религии, јазици бидејќи секој од нив сака мир, тогаш рекоа гостите, ко за трката додадоа дека се вика и Шри Чинмој, позната како “трка за светска хармонија “, и постои повеќе од три децении, а се трчала низ 150 држави, вели Миновски.
Главната улога на трката е да се поттикне човештвото на единство и разбирање во секојдневниот живот, со цел да се споделуваат идеалите за вечен мир и да се спуштат социјалните бариери кои одделуваат една нација од друга и е поддржана од многу светски личности како Нелсон Мандела, Мајка Тереза и нашите поранешни претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров.
-Свечената церемонија на стартот на трката од различни земји, и со трчање на самата трка, таа претставува најголем и најдолг народен труд за мир на човештвото, додава Миновски.
Домаќин на трката беше Сојузот на спортови на Битола, а на плоштадот гостите од цел свет уживаа во сплет на македонски ора, а Миновски вели дека и во 2016 година оваа трка гостувала во Битола.

Деновиве пред 10 години: светскиот настан “Трка на мирот“ и факелот на мирот во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер го победи Куманово во Битола
- СВР Битола: кај битолчанец пронајдени 20 парчиња муниција и 103 парчиња пиротехнички средства, поднесена кривична
- Драмата – печалбари прикажана во Сиднеј
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 25 степени









