-Ако голем број од нас, а и тука ќе се ставам и јас, дека голем концерт во Битола, со многу публика, посебно во Хераклеја, може да одржи само голема група дојдена од некаде, групата “Деспина“ од Битола, пред 10 години, тоа наше мислење ни ги промени, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолкото новинартсво, кој продолжи:
-Во Хераклеја бев на концертот со мои пријатели од странство кои беа во Битола, и пријатно се изненадив, прво од посетеноста, а потоа и од амбиентот.
Групата “Деспина“ одржа концерт на отворено, за кој имам забележано во новинарскиот бележник, дека имало помеѓу 2.000 и 3.000 публика, која уживаше во концертот кој траеше околу 2 часа, со одлично озвучување за тој простор, раскажува Миновски, за тоа како го има запишано овој настан во неговата документација за Битола.
-Групата “Деспина“ не беа сами на концертот, имаа гости дел професори од Музичкото училиште од Битола, како и нивни гости од струката, односно нивни колеги со кои некогаш настапувале, вели Миновски.
Но, концертот, кој во тоа време на една група од Битола, која сите ја знаат по нивните кафански настапи, на разни забави, свадби и други фамилијарни прослави, членовите на “Деспина“ го одржале како да не се таква група, туку наликувал на концерт како треба да биде на отворено, со комплетен професионален приспат кон организацијата и самиот концерт.
-Не можам сега да се сетам дали некој музичка група од Битола која има ваков “калибар“ на музицирање има одржано концерт во Хераклеја, но “Деспина“ и понатаму е активна и опстојува, и покрај “свадбарската“ музика, ги забавува битолчани и по кафулината, а посебно младите уживаат во нивната музика.

Деновиве пред 10 години: групата “Деспина“ од Битола со концерт во Хераклеја (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет









