
-Иако не сум љубител на оваа модерна музика, можеби за годините кои ги имам е нормална работа, сепак во новинарскиот бележник сум запишал дека во Битола, во август 2010 година, се случил најголемиот концерт кој се одржал во дворот на СОФКА – Битола, Олимпискиот базен, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Не бев директно запознаен со овој настан, во ми оставо сеќавање бидејќи до доцна во ноќта во насекаде низ Битола се слушаше силна музика, па затоа сум запишал дека се случил концерт на Кирил Џајковски, со негови гости од десетина други држави кои престојувале неколку дена во Битола, а младите битолчани биле воодушевени од тоа што се случувало таму, раскажува Миновски.
На концертот на Олимписки базен во Битола, имало повеќе од 3.000 битолчани, кои ја “познавале“ и уживаа во оваа музика, на нашиот Кирил Џајковски.
-Но сега, по 10 години од 2010 година се што не знаеш има на интернет, да не се правам многу паметен, како што велиме ние битолчани, само ќе препишам и ќе додадам за овој настан пред 10 години кој останал во белешките за Битола, за рубриката “Деновиве пред 10 години“, вели Миновски.
Македонскиот електрогениј, Кирил Џајковски, заедно со оркестарот „Серџук“ и Рас Твид како главни ѕвезди на деветото издание на меѓународниот младински арт-фестивал „Битола отворен град 2010“ во организација на Младинскиот културен центар од Битола, ја “запали“ над три илјадната публика во Битола.
Еден од најбараните балкански артисти се претстави со незаборавно шоу на “Битола отворен град“ што беше ексклузивна можност да се проследи негов настап.
Неговиот бенд во најсилен состав од 15 музичари со динамичен сценски настап под отворено небо на Олимпискиот базен во Битола се погрижи фановите да уживаат во една од најдобрите журки во оваа сезона.










