Press "Enter" to skip to content

Љубе Ѓуровски од Битола во Градешница најде вргањ тежок 2,5 килограми (фото)

Многу малку вработени кога ќе заминат од работното место на заслужена пензија продолжуваат со активен живот, а ретки се тие кои продолжуваат со физичка активност, со што си го продолжуваат животот. Еден од тие малкумина е Љубе Ѓуровски од Битола, кој како нов пензинер не се “предаде“ и продолжи активно да живее.-Во пензија сум еден месец, а пензионер сум од јавното комунално претријатие “Водовод“ од Битола, каде работев до пензионирањето како механичар. Сега слободното време активно го користам, а летово сум најповеќе во Мариовскиот крај каде пешачам, а ја користам и секоја прилика да соберам и по некоја печурка, вели Љубе Ѓуровски.Деновиве, чичко Љубе, најде печурка, како би рекле рибарите – капиталец, а вргањот е тежок 2,5 килограми, на што тој е посебно горд.-Сакам да им порачам на битолските пензионери, кои се во добро здравје и кондиција, да не седам дома, по дворовите и на клупите низ паркот во Битола, да излезат во природа, да пешачат, а ако има добар “улов“ на печурки, нема да биде на “одмет“ да се “појача“ семејниот буџет и да се надополни пензијата, вели чичко Љубе, кој дадава дека печурки и други билки има насакаде околу Битола.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »