Press "Enter" to skip to content

Промоција на книгата “Ковид-19 и безбедноста…“ од Ѓуровски, Дронзина и Ѓукановиќ

Во рамки на честувањето на патрониот празник на Универзитетот “Свети Климент Охридски“ од Битола, се одржа промоција на книгата „КОВИД 19 И БЕЗБЕДНОСТА, РЕГИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НОВИ ДРЖАВНИ АКТЕРИ„  од проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје при УКЛО-Битола, проф. д-р Татјана Дронзина од Софискиот Универзитет и проф. д-р Драган Ѓукановиќ од Белградскиот Универзитет во електронско издание на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ и Фондацијата „Конрад Аденауер„ од СР Германија.

Промотор на студијата беше ректорот на УКЛО-Битола проф. д-р Сашо Коруновски, кој нагласи дека објавената студија прави анализа  на влијанието на Covid -19  во Република Северна Македонија,  Република Србија и Република Бугарија, како и регионалните безбедносни предизвици и соработка, со осврт на појавата на новите државни актери во меѓународните односи и геополитиката во услови на криза.  Коруновски нагласи дека во книгата акцент е ставен на согледување на можноста за потикнување на подобра регионална соработка во период кога солидарноста меѓу земјите на Европската унија не беше на потребната висина на задачата што непосредно влијаеше врз  надворешните односи во услови на вонредната состојба.Преку оваа книга според професорот Ѓуровски се утврдија критични области во безбедносниот систем на Република Северна Македонија во кои се потребни итни промени, донесување  нова законска регулатива, меѓу другото, и во делот на кризниот менаџмент и заштита и спасување.  Преку итни промени во безбедносниот систем треба да се дојде до решенија за градење поефикасен безбедносен систем каде интегрален дел е управувањето со кризи и заштитата и спасување во Република Северна Македонија и, секако, креирање  соодветна безбедносна политика за превенција, рано предупредување и навремена процена на ризици и закани и целосна координација на сите институции. Безбедносниот систем на Република Северна Македонија во своите задачи треба да ја има превенцијата во контекст на намалувањето на ризиците од катастрофи и обединување на превентивните активности на сите институции кои се инволвирани со системот за управување со кризи и системот за заштита и спасување.

Во претстојниот период се препорачува да се преземат следните мерки и активности со цел да се надминат констатираните слабости во менаџирањето на вонредната состојба поради пандемијата.

Според еден од авторите професор Марјан Ѓуровски во регионалната публикација е согледана појавата на безбедносни предизвици како резултат несоодветното рано предупредување и превенција од меѓународните и регионални политички и воени организации. Меѓу другото посебен фокус е ставен на потенциланото враќање на новите државни актери како НР Кина во Европската унија и особено земјите од Балканот под превезот за директна помош кон загрозените семејства и држави, без притоа да се согледа одговорноста која ја има за состојбата која ескалираше во целиот свет.

Неизбежба тема во публикацијата е справување со Хибридни закани и лажни вести за време на Ковид -19 како потенцијална безбедносна закана и ризик по стабилноста.

Во студијата се даваат препораки за секоја земја кои се предмет на анализа во публикацијата. За Република Северна Македонија врз основа на начинот на справувањето со пандемијата во вонредната состојба се даваат следните препораки и предлози за промени и надградување на системот за безбедност и управување со кризи  

Вонредната состојба за време на пандемијата, во публикацијата се наведува дека ги исфрли на виделина критичните области во безбедносниот систем на Република Северна Македонија во кои се потребни елементи за позитивна промена, меѓу другото, и во делот на кризниот менаџмент и заштита и спасување.

More from КултураMore posts in Култура »