Утрово според податоците соопштени од Управата за хидрометеоролошки работи најстуден град во Македонија е Битола со измерени -13 степени, а во Битола има најголема снежна покривка од 28 сантиметри.
За битолчани, нормален зимски ден, кој е прв со вакви параметри оваа зима, која досега поминуваше како да е пролет.
Ден секако и со зимски “проблеми“ за граѓаните, замрзнати брави на автомобили, чистење на снегот од дворовите, замрзнати чешми по дворовите, не “палење“ на автомобилите, тешко движење со летни гуми…
Утрово оние кои беа ранобудни направија илјадници фотографии кои ги “закачија“ на социјалните мрежи, но “Битолањуз“ направи обиколка низ неко делови на градот и низ фотографии Ви прикажуваме како е Битола на -13 и 28 сантиметри снег.
[ngg src=”galleries” ids=”644″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]











