Press "Enter" to skip to content

Сојузот на спортови ќе ги избере најдобите спортисти и екипи на Битола за 2020 година

Сојузот на спортови на Битола и оваа година ќе ја продолжи повеќе децениската традиција на избор на најдобри спортисти и спортски екипи на Битола, а ќе ги избира најдобрите за 2020 година.

Сојузот на спортови на Битола, согласно Одлуката, ги известува сите битолски спортски клубови кои се членови на Сојузот на спортови да ги пријават своите најдобри спортисти и екипи најдоцна до 20 февруари. 

Сојузот на спортови на Битола ќе избира:

-10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција,

-10 најдобри млади спортисти, до 18 години,

-3 најуспешни екипи во сениорска и

-3 најуспешни екипи во младинска конкуренција, –

-најуспешен спортист од ССРИ-Битола,

– двајца професори по физичка култура,

-ветерани и клубови 

Рангирањето (врз основа на предлози од членките на Сојузот) ќе се врши согласно критериумите утврдени од страна на УО на Сојузот.

ПРЕДЛОЗИТЕ СО ПРИЛОЗИТЕ (дипломи, билтени сл.) ДА СЕ ДОСТАВУВААТ најдоцна до 20.02.2020 година на портирница – “Булевар 1 ви мај“ бб (зграда на поранешен Извршен совет…)

САМО ПРЕДЛОГОТ, да се достават на е-маил: sojuznasportovi.bt@gmai.com

Свеченото прогласување ќе бидете на 25.02.2021 година (четврток), а за местото на одржување ке бидете известени дополнително.

За подетални информации на Тел:070 207 655, 070 269 315

НАПОМЕНА: Согласно препораките и протоколите на манифестацијата покрај наградените можат да присуствуваат по ЕДЕН претставник од членките на Сојузот на спортови Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »