Press "Enter" to skip to content

Ненад Костевски: ја “снимивме“ Татабања, во Битола очекувам две победи

По двата натпреаври, од кои првиот е утре во Битола, ако се победнички, екипата на Еурофарм Пелистер ќе обезбеди пласман во следната фаза на Европската лига или не. Левото крило на репрезентацијата, Ненад Костески, е оптимист и покрај респектот за третопладираната екипа во унгарскиот шампионат, а за двомечот во Битола ни рече:

-По поразот во Загреб мора да издвоиме некои грешки во второто полувреме. Жал ми е, игравме прекрасно прво полувреме, но натпреварот се игра 60 минути.  Татабања е одличен противник, во никој случај не смееме да ги потцениме Унгарците. Се подготвуваме, добро ги анализираме и ова за нас се многу битни натпревари и како се подготвуваме верувам дека ќе извојуваме две победи кои многу ќе ни значат. Не смееме да ја потцениме Татабања, иако имаат четири порази. Имаат квалитетна екипа и одлични бекови, кои ако влезат во серија ќе ни направат многу проблеми.

More from СпортMore posts in Спорт »