Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер негативни на ковид-19, сите подготвени за вечното дерби со Вардар

Резултатите од вчерашните тестирања направени во Битола за ковид-19 се негативни за целиот колектив на ФК Пелистер.

Тоа значи дека сите играчи ќе му бидат на располагање на тренерот Димитар Капинковски за тренинзите пред натпреварот во Битола,  за натпреварот во недела против екипата на Вардар во Скопје.

Натпреварот кој во Македонија е познат како“„вечно дерби“ се игра в недела од 14:00 часот.

Првиот дуел на овие две екипи, игран во октомври во Битола, заврши 1-1.

More from СпортMore posts in Спорт »