Press "Enter" to skip to content

Давор Талески, голман на Пелистер: од прва минута против Вардар ќе играме за победа

Со три нови имиња екипата на Пелистер од Битола ќе стартува во пролетниот дел на фудбалската сезона, а со една единствена цел, опстанок во лигата. Првата битка за потребните бодови за опстанок ќе ги бара во Скопје, на вечното дерби против екипата на Вардар. Денес фудбалерите одработија тренинг под Тумбекафе во Битола, а од утре ќе бидат во карантин во Скопје. 

Во Скопје нема да патува капитенот Драгарски заради жолти картони, а голманот Давор Талески, на денешниот брифинг со новинарите рече дека се надева во Битола ќе се вратат со три бода.

-Очекувам тврд натпревар, ќе одлучи мотивот и желбата. Покомпактната и помотивираната екипа ќе ги освои трите бода, Не нè залажува моменталната ситуација во Вардар. Ќе биде неизвесно. Вардар ќе го добие респектот, но од првата минута ќе покажеме дека ќе играме по целиот плен. Минатото лето пристигнаа 7-10 нови фудбалери во Пелистер. Имаше осцилации во  играта, што и беше нормално. Сега костурот на екипата остана, сите стандардни првотимци останаа и да не прогнозира, очекувам Пелистер да биде само подобар од есенскиот дел, вели Талески.

More from СпортMore posts in Спорт »