Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во Битола, во вторник, и без Мандалиниќ, се враќа Велковски

Екипата на Еурофарм Пелистер во претојните два вторници на 16 и 23 февруари ќе одигра два натпревари во рамките на Европската лига, прво против ГОГ Гудме, а потоа против Рајн Некар Левен, кои се на врвот на табелата.

За престојните два натпревари тренерот на Еурофарм Пелистер по повредата на Томислав Кушан, во тимот ќе го нема и Стипе Мандалиниќ.

Кушан се здоби со повреда на грбот во 8. минута на натпреварот против Татабања и има болки во грбот,  и го очекува заздравување, прво со мирување, а потоа и дополнителни прегледи. Мандалиниќ го прескокна натпреварот во Загреб, а играше на двата натпревари во Битола, а сега ќе паузира против ГОГ Гудме и најберојано против германците. 

Во тимот ќе го нема ни Бојан Маџовски кој ги оперира прстот на раката, а се очекува враќањето на Мартин Велковски.

Натпреварот Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме се игра во Битола во вторник од 20:45 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »