Press "Enter" to skip to content

Пријателско реми на Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш во Битола

Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 25:25 (8:15)
 
Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола
 
Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, И. Димитровски 1, Петровиќ 5, Петровски 2, Арсеновски 2, С. Талевски 7, Ј. Талевски 2, Дрогришки 2, Пав. Атанасијевиќ 2, Пет. Атанасијевич, Митревски, Блажевски 1, Белистојановски 1
 
Тиквеш: Стојановски, Велков, Димитров, Петров, Коловски, Симиќ 6, Смиљаниќ 5, Гошевски 4, Коцев 4, Медиќ 1, Окардов 2, Јанчев 2, Лазов 1.

Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш одиграа контролен натпревар во Битола, во салата на Медицинското училите, но според тоа како играа двете екипи, натпреварот по сите стандарди наликуваше во натпревар за бодови, во кој двете екипи добија по едно полувреме, а кавадарчани не го реализираа последниот напад за победа.

Тиквеш дојде до високи +7, по што следуваше поактивна игра на “пелистерци“ а во 47. минута беше 21:20 за домаќините. Со седмерец во последната минута Еурофарм Пелистер дојде до израмнување, а последниот напад гостите не го реализираа за победа.

 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »