Пелистер од Битола, по шесте освоени бодови на крајот од есенскиот дел сака со победа, а продолжи и оваа пролет и да обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига, а тоа сака уште утре да го направи против екипата на Вардар во вечното дерби мак фудбалот.
Тренерот на Пелистер Димитар Капинковски ќе ја води екипата на ова тешко гостување, кое требаше да се одигра минатата недела, но беше одложено поради лошите временски услови, денес пред тргнувањето од Битола за Скопје каде ќе бидат фудбалерите во карантин рече:
-Одложувањето на дербито нема да промени многу во желбата и мотивацијата кај фудбалерите. Сигурно дека теренот ќе биде во подобри услови, отколку ако се играше минатата недела. Моите играчи ќе бидат подготвени да дадат максимум на оваа средба.
За новото засилување во Пелистер, тој додава:
-Очекуваме мечот да ги оправда очекувањата и ќе донесе фудбалска претстава. Новото засилување Принц Ампонсах ќе помогне во офанзивната линија и проблемите со головите. Знаеме дека две екипи испаѓаат и две одат во баражот. Ние сакаме да останеме во лигата и наредната сезона. Сигурно еден таков играч сигурно ќе помогне да го направиме тоа. Ако сакаме да го оствариме тоа мора да се надигруваме со сите и да играме за гол повеќе.











