Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 45:11 (26:6)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп
Еурофарм Пелистер: Трајковски, Чаневски, Мараш 4, Ојлески 4, Маркоски 4, Мандалиниќ, Марковски 6, Танкоски 1, Ристевски 2, Периќ 2, Костески 9, Кукоски, Велковски 5, Граџан 7, Гуцевски 1
Вардар Неготино: Ристов 1, Ташев 2, Митевски, Орешков, Кузманов 3, Бојан Трпески, Божиновски, Јефремов, Недев, Ѓорѓев, Ристовски, Борче Трпески, Минов 2, Пеовски 3, Стаменов, Најдов.
Како и се очекуваше вечерва во Битола екипата на Еурофарм Пелистер лесно ја помина првата пречка во Купот, Вардар од Неготино, совладувајќи го со 45:11, полувреме 26:6. Тренерот Бабич им укажа шанса на тројца младинци од тимот на Фарух Мемиќ, кои собраа искуство, но и симпатии.
Инаку, овој куп-натпревар беше само лесен тренинг на тимот на Еурофарм Пелистер, пред сабота, кога во 17:45 часот во рамките на “А“ групата од СЕХА лигата против словачкиот првак Татран Прешов.











