Сојузот на спортови од Битола, денес петок на 26 февруари, во салата на Народниот театар во Битола, по 56. пат, ќе ги прогласи најдобрите спортисти поединци на Битола за 2020 година, врз основа на предлозите на членките на Сојузот.
Управниот одбор на Сојузот на спортови, кои ќе ја донесат конечната одлука кој ќе биде спортист на Битола за 2020 година, кои ќе бидат десетте сениори, а ќе се доделат признанија на младите спортисти. Ќе се доделат и посебни признанија за животно дело на спортисти ветерани, заслужни спортски работници, клубови и спортски здруженија.
Поради немање на лига натпревари оваа година Сојузот нема да додели екипни признанија.











