Пелистер Волеј – УГД Студент жени 3:0
(25:22; 25:21; 25:13)
Одбојкарките на Пелистер Волеј продолжуваат со победите на домашен терен, во салата на Медицинското училиште во Битола, а тоа значи и нови три бода. Овој пат беше совладана штипската екипа УГД Студент жени со максимален учинок, 3:0 по сетови.
Тренерот Роберт Митковски не го криеше задоволството по победата и рече:
-Ја совладавме екипата на УГД Студент жени со максимални 3:0 Освен во првиот сет кој го добивме во самиот финиш, во останатите два имавме целосна контрола и победата беше само прашање на време. Иако се осеќаше замор кај некои одбојкарки, како и некои ситни повреди кои се провлекуваат, сите дадоа се од себе да се освојат овие значајни три бода.
Поените денес ги освоија: Ева Трпеновска 16, Стефани Најдановска 11, Меланија Каралиоска 9, Ана Пејовска 5, Јана Василевска 4, Теодора Андоновска 4, Михаела Цветановска 2, Ивана Василевска 1.











