Press "Enter" to skip to content

Победа на Пелистер во Битола против Ренова во борбата за опстанок (фотогалерија)

Пелистер – Ренова 3:1 (2:1)

Како и што најавија фудбалерите на Пелистер во Битола, под Тумбекафе, со добра и игра и со многу залагање успеаја да ги победат еден од конкурентите за опстанок во Првата лига екипата на Ренова, со 3:1, полувреме 2:1. Со овие три бода Пелистер е место погоре од Ренова, по 20 кола има 22 бода на 9. место, а Ренова место подолу со 19. Следуваат Академија Пандев со 18 и Беласица со 12 бода.Инаку натпреварот започна со многу груба игра на гостите со многу фаули, а во 9. минута Сенегалецот им побегна на Тафа и Мишковски и со прецизна дијагонала во матира Велии за водство под Тумбекафе во Битола 1:0. Голманот на Пелистер Талески ништо не можеше да стори во 23. минута, кога младиот Алити му побегна на Бошковски и погоди во поблискиот агол за израмнување, 1:1. Судијата Иванов во 41. минута покажа на белата точка по стартот на Абдула врз Гудиаби, а Маневски со одлично изведен удар од 11 метри, донесе ново водство за Пелистер, 2:1.Второто полувреме им припадна на битолчани, а во 55. минута од мечот Дарко Размоски искористи кикс на гостинската одбраната и со брз спринт влезе во шеснаесетникот погоди за 3:1. До крајот на натпреварот Пелистер имаше доминацијата, но не успеа да стигне до нов погодок.

More from СпортMore posts in Спорт »