Под Тумбекафе во Битола екипата на Пелистер убедливо ја победи Ренова и направи значаен чекор кон борбата за опстанок во Првата лига, а тренерот Димитар Капинковски е задоволен од играта, и постигнатите три гола, а по натпреварот рече:
-Кажав дека сите екипи се изедначени и секој може секого да изненади. Ренова е квалитетна екипа, која сезонава играше во евро-куповите, имавме исти бодови и неизвесност во првенството и можам да им се заблагодарам на моите фудбалери за оваа победа. Дадоа максимум, срце на терен и остваривме значајна победа која ќе ни даде голем мотив за понатаму за да можеме да се надигруваме и да освојуваме бодови, а за новиот играчки кадар, односно за вклопувањето во тимот на засилувањата додаде:
-Во овој преоден рок дојдоа четири фудбалери, а за жал Губиади и Принц се приклучија подоцна во подготовките. Губиади дојде непосредно пред првото пролетно коло, а Принц пред само неколку дена. Ќе бидат освежување и ќе донесат добри моменти. Гудиаби и Размоски постигнаа голови, што се покажа како правилни засилувања. Треба да го нагласам и враќањето на Танушев по пауза од четири месеци. Успеа да одигра 20-тина минути и се надевам дека ќе се комплетираме и ќе носеме подобри резултати и ќе оствариме целта која е опстанок во лигата.











