Од позајмица до официјален договор до јуни 2023 година, Еврофарм Пелистер од Битола, се договори со хрватскиот интернационалец, 20-годишниот Матео Мараш да бидд ел од тимот, а со тоа клубот од Битола заврши голема работа, си обезбеди десен бек.
Мараш позираше со дресот со број два на “фармацевтите“, а за договорот и престојот во Битола рече:
-Сакам да му се заблагодарам на клубот. Првите шест месеци минаа многу убаво, беше прилагодување, но се чувствувам убаво тука. Играме многу добро, клубот покажува дека е на високо европско ниво, што може да се види низ натпреварите во Лига Европа и натпреварите кои ни претстојат, а на кои сакаме да покажеме кој е нашиот вистински квалитет. Имаме мала хрватска колонија тука во Битола. Имаме голем број интернационалци и многу добро сме сложени во тимот. Добро се согласуваме, добра клапа сме и пријатно е да се тренира и да се биде во овој клуб.











