Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен од Шафхаузен, на 23 во Битола ќе го пречека Магдебург

Шафхаузен – Еурофарм Пелистер 29:26 (16:12)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Швајцарија се поразени екипата на Шафхаузен и завршија на четвртото место во групата “Д“ на Европската лига. Со овој пласман екипата на Еурофарм Пелистер во Битола на 23 март ќе го игра првиот натпревар против екипата на Магдебург во осминафиналето. 

Некомплетната екипа на Еурфарм Пелистер дури во осмата минута го постигнаа првиот гол, а во 16. минута резултатот беше 6:3. Во 19. минута, Кадетен Шафхаузен поведе со +4, а на полувреме се отиде со 16:12.Во 38. минута имаше највисоки +5 за Кадетен Шафхаузен, во 42. минута беше 21:15.  Еурофарм Пелистер се обиде да дојде до -3 и Кадетен Шафхаузен мирно го приведе натпреварот кон крај со триумф од 29:26.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Периќ со седум и Граџан со шест погодоци.

Осминафиналните натпревари против Магдебург се играат на 23 март во Битола и по седум дена во Германија.

More from СпортMore posts in Спорт »