Еурофарм Пелистер од Битола денес го претстави и третото ново име, а се работи за 23-годишниот бек, битолчанецот Дарио Петровски, кој потекнува од битолската ракометна школа и досегашен член на Еурофарм Пелистер 2.
Петровски веќе е дел од првиот тим, а се стави на располагање на стручниот штаб и денес ќе го одработи првиот тренинг во спортската сала во Битола, а утре се очекува неговото деби на натпреварот против Струга во првото коло од плеј-офот.
По официјалното промовирање, кое се случи денес во клубските простории во Битола, Петровски рече:
-Овој потпис за мене е напредок и мотив плус за чекор напред во кариерата. Со добри игри верувам дека ќе се претставам кај тренерот Бабиќ и очекувам добра иднина и за мене и за клубот. Разговарав со тренерот, размислува за мене и ми кажа за што му требам и на кои задачи треба да одговорам. Мое е да тренирам и да се посветам на тоа што го бара тренерот од мене, па потоа и да го презентирам на терен. Со самиот ростер се гледа дека Еурофарм Пелистер е еден чекор пред Еурофарм Пелистер 2 и тука сум да одговорам на предизвикот, бидејќи надлежните видоа нешто во мене и мислат дека можам да одговорам на тој предизвик.

Дарио Петровски промовиран во Еурофарм Пелистер, доаѓа од вториот тим од Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во завршна фаза на изградба е новата боксерска сала
- Универзитетска летна пракса 2026
- СВР Битола: 6 годишно дете тешко повредено на електричен тротинет, приведување за марихуана и приведувања за возење без возачка и возење во забранета насока
- Убиство во Битола, сопруг ја убил 31-годишната жена во населбата Баир
- Во Битола попаднево услови за дожд
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денеска е „Денот Д“ – Пелистер игра за финале
- Лино Червар и официјално нов тренер на Еурофарм Пелистер
- Пелистер преку “мајсторка“ до финале, МЗТ не е непобедлив, среда одлука
- Битола памети: пред 37 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Пелистер го победи МЗТ во Битола и закажа “мајсторка“ во Скопје (мега фотогалерија)










