Press "Enter" to skip to content

Стартуваше ракометниот плеј-оф, Еурофарм Пелистер ја победи Струга во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Струга 28:18 (14:9)

Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола

Играно без публика.

Еурофарм Пелистер: Трајковски, Чаневски, Мараш 2, Маркоски 3, Ојлески, Кузманоски 1, Мандалиниќ 3, Радовиќ 2, Танкоски, Периќ 8, Костески 2, Кукоски, Петровски, Велковскиц 1, Граџан 5, Џукиќ 1

Седмерци: 2/1, Исклучувања: 10 минути

Струга: Затаракоски, Јовановски, Маркоски, Крстаноски, Савески, Рајатовски, Лакичевиќ 2, Јанкуловски, Димитријески 1, Николиќ 5, Илиевски, Костовски, Ракочија 7, Симоноски 2, Пајкоски 1, Цветаноски

Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути

Продолженеито, односно стартот на плеј-офот на Суперлигата во ракомет започна со  натпревар во Битола и очекувана победа на Еурофарм Пелистер со резултат 28:18, полувреме 14:9, против екипата на Струга во 1. коло.Екипата на домаќинот во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, во текот на целиот натпреавр беше во предност и ниту во еден момент не беше под знак прашалник кој ќе биде победник. Битолчани започнаа сериозно во одбраната, а некаде на средината на првото полувреме беше 10:5 за Еурофарм Пелистер, а потоа предноста порасна до највисоки +6. На одмор се замина со 14:9 за екипата на Жељко Бабиќ. Вториот дел започна како и првиот дел, домашната екипа ја одржуваше предноста од 4-5 гола. Во 50. минута при 21:15 Еурофарм Пелистер заиграа подобра одбрана и го одбија последниот бран на гостите до конечна  победа од 28:18.Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Периќ со осум и Граџан со пет гола, а мора да се спомене и Чаневски со одличните одбрани, а шана добија и новите Кузманоски и Петровски.  

More from СпортMore posts in Спорт »