Press "Enter" to skip to content

Стартуваше и Еурофарм Пелистер 2, пораз од Вардар во Скопје

Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 2 34:30 (17:14)

Спортска сала: Јане Сандански – Скопје

Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев

Вардар 1961: Ристовски, Кизиќ, Шеваљевиќ 3, Валчик 2, Стоилов 1, Димитриоски 8, Георгиевски 11, Карапалевски 2, Дисингер, Гаџа, Чупиќ, Талевски 3, Дибиров 2, Векиќ 2

Седмерци: 5/2 Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Бардакоски, Пав. Атанасијевиќ 4, В. Димитровски 2, Митревски, Петровиќ 7, Јовановски, И. Димитровски, С. Талевски 2, Стоилевски 4, Пет. Атанасијевиќ 2, Белистојановски, Дрогришки 6, Блажевски, Арсеновски 3

Седмерци: 4/2Исклучувања: 8 минути

Иако момците на Александар Јовиќ, од Еурфарм Пелистер од Битола, се обидоа да се надигруваат, немаа сили против поискусниот ривал кој рутински стигна до победата во СЦ „Јане Сандански“. Еурофарм Пелистер 2 загуби во првото коло од плеј офот во Суперлигата од тимот на Вардар 1961, со резултат 34:30.

Натпреварот екиоата на Вардар го одговори со серија од 3:0. Во средината на полувремето младите пелистерци стигнаа до егал во два наврати, ама немаа сили за пресврт, а на одмор се отиде со 17:14.

“Вардарци“ со подобра игра ја одржуваа, а наа средината од полувремето Вардар поведе и со највисоките седум голови предност. Битолчани не се откажаа, се бореа за секоја топка и сакаа да се вратат, но не успаеја. 

Кај Пелистер најефикасен беше Петровиќ со 7 голови,  а Дрогришки постигна 6.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »