Press "Enter" to skip to content

Одлична игра, победа во гости и три нови бода на одбојкарките на Пелистер Волеј

Македонија Макс – Пелистер Волеј 1:3

(24:26; 26:24; 23:25; 08:25)

На гостувањето во Струмица екипата на Пелистер Волеј од Битола, како и се очекуваше одигра тежок и неизвесен натпревар, но сосема заслужена победа, а тоа им донесе три бода во борбата за повисок пласман на табелата.

По враќањето во Битола, тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски задоволен, пред се од одиграното во Струмица рече:

-Во првиот сет имавме дури 13 сервис грешки, но се останато беше на највисоко ниво, особено одбраната и нападите кои функционираа одлично па го добивме со 26:24. Во вториот сет имавме 17:15 па и 23:21 но на идентичен начин го добивме, како го изгубивм првиот сет. Во третиот сет заигравме силно и експлозивно па имавме 20:12 но дојде до опуштање и за малку можевме дополнително да си ја искомплицираме ситуацијата. Во четвртиот сет покажавме тотална доминација со победа од 25:08 и покажавме дека ико сме млади неслучајно држиме чекор на самиот врв.

Митковски доби црвен картон во првиот сет со чудна одлука при резултат 25:24 судијата му додели црвен картон, за што вели:

-Дискутабилна одлука во секој случај, на крај на сетот, по што заврши сетот во корист на домаќините, ќе дискитираме на повисоко ниво за оваа одлука.

 
Поените денес ги освоија: Стефани Најдановска 21, Ева Трпеновска 19, Ана Пејовска 15, Меланија Каралиоска 11, Ивана Белокозовска 9, Михаела Цветановска 3 и Андреа Стојановска 1.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »