Press "Enter" to skip to content

Злато и сребро за Ева Милевска на “FIS children Arxhena“ во Косово (фото)

Нашата млада сограѓанка Ева Милевска, член на ски клубот Пелистер од Битола и дел од македонската млада скијачка репрезентација продолжи со одличните настапи на меѓународните скијачки натпревари.Денес, на меѓународната ФИС детска трка која се оджа во Косово, FIS children Arxhena, Милевска на две трки освои две медали. Иако беше најавено дека натпреварите ќе се возат вчера и денес, поради вчерашните лоши временски услови се возеа денес, а пласманот од двете трки поради тоа има поголема вредност. Во слалом е правопласирана, а во велесаламом го освои второто место, репрезентацијата ја предводеше тренерот Никола Панчевски. -Тешто беше да се возат двете трки во еден ден, слалом и велесламом, но добро сум подготвена во секој поглед и успешно со злато и сребро ги завршив трките во Косово, ни рече кратко Ева Милевска. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »