Press "Enter" to skip to content

Капинковски: во шаховска борба на терен дојдовме до значајна победа

Екипата на Пелистер вчера во Битола ја продолжи победничката серија, која веќе во три кола им донесе 9 бода, против екипите на Ренова, Струга ТМ и Борец, кој е директен противник за опстанок во лигата.

“Тврдиот“ натпревар го реши еден детаљ, а тоа голот на Пејаковиќ во 41  минута, а тренерот Димитар Капинковски по победата и добрата серија рече:

-Првенствен натпревар во кој во преден план беа бодовите во директната борба за опстанок.  Самото тоа донесе тврд и неизвесен натпревар, со шаховска борба и многу тактика на теренот. Имавме среќна можност да постигнеме гол навреме. Сигурно дека ова е многу значајна победа, значајни бодови за понатамошниот тек. Треба да продолжиме во овој ритам за да обезбедиме место во помирната зона на табелата, за да го избегнеме баражот за опстанок.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »