РК Еурофарм Пелистер од Битола ја известува јавноста дека ракометарот Марин Вегар успешно е опериран во Загреб, по повредата на рамото која ја влечеше подолг период.
Зафатот поминал во најдобар ред и ракометарот го започна планот на заздравување.
Марин Вегар ја игра својата трета сезона во Еурофарм Пелистер, по доаѓањето од романска Стеауа.











