Еуро Никел – Пелистер 75:102
Нова победа и зацврстување на лидерката позиција на кошаркарите на Пелистер по победата во Кавадарци. Овој пат “пелистерци“ во салата “Јасмин“ во Кавадарци погодуваа за “стотка“ против екипата на Еуро Никел, 75:102 и за 13 победа во Првата кошаркарска лига.
Само во првите минути кошаркарите на Еуро Никел имаа предност, први поведоа, но Пелистер заигра организирано, а потоа растеше предноста од минута во минута, за на одмор да се отиде со +20 поени, 38:58.
Вториот дел натпреварот продолжи како и во првиот, а кошаркарите на Пелистер не дозволија да дојде до пресврт, а предноста се зголемуваше и дојде на +29, за нова победа.
Најефикасен кај “пелистерци“ Кесар со 26 поени, Вилијамс имаше 23, Малешевиќ со 17 и Трајковски со 14 поени.











