Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ со многу шанси, не издржаа уште пет минути за ново изненадување во Тетово

Шкендија – Пелистер 1:0 (0:0)

Екипата на Пелистер од Битола со гол во 85. минута е поразена во Тетово, од Шкендија, откако од 1. до 85. минута одиграа добар првенствен натпревар, но на крајот не издржаа.

“Пелистерци“ против лидерот одигра храбро и мотивирано, а во првите 45 минути можеа да постигнат два гола. Првата шанса за гол ја имаше Гудиаби, кога по чиста позиција да шутира, направи чекор повеќе и топката му беше одземена. Потоа Нето биеше многу непрецизно, во 25. минута Кочоски со одличен удар со глава биеше само во дирекот, а и Гудиаби пропушти уште една можност за гол.

Во второто полувреме Пелистер во самиот финиш стигна прими гол, откако Нафиу беше заборавен од гостинската одбрана и ги постави конечните 1:0. Во судиското надополнување уште една шанса за иззрамнување на Пелистер, но Захов чудесно го одбрани ударот на Илиески.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »