Press "Enter" to skip to content

Реми на Топ Гол на “Ќумурно“, во Битола, постигнати осум голови (фотогалерија)

Топ Гол – Скопје 2014 4:4 (2:3)

Во крајно неизвесен и возбудлив натпревар екипата на Топ гол, на домашен терен во Битола, извлече нерешен резултат со фаворитот Скопје 2014 во рамките на 17 коло од ПФЛ жени.Топ гол како домаќин ја пречека екипата на Скопје 2014 и со конечен резултат од 4:4, полувреме 2:3, ги поделија бодовите на натпреварот кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола.Головите за битолчанки ги постигнаа: Јанковска во 16 минута, Миќановиќ во 43 минута и 58 минута и Најдовска во 67 минута. -Покажавме карактер, цврстина и силна желба за победа. Иако рано успеавме да го отвориме резултатот, цел натпревар бркавме негатива. Важно е дека не загубивме, постигнавме 4 гола, промашивме и шанси за гол над екипата кој беше повеќекратен шампион на Македонија. Имавме проблеми со повреди во стартниот состав, направивме промени кои вродија со успех, изјави Кире Грбевски, тренер на Топ Гол.За Топ Гол настапија: Павлоска, Бумбаровска, Најдовска, Јанковска, Миќановиќ, Стојчевска, Талевска, Петровска, Јанковска и Дамева, уште играа: Ковачева и Димитровска.Во следното 18. коло Топ гол им гостува на Тиверија во Струмица.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »