Денес екипата на Еурофарм Пелистер од Битола ќе игра меѓународен натпревар од СЕХА лигата, во Шабац, Србија против екипата на Металопластика, а од резултатот ќе зависат околу финалниот пласман во групата.
Екипата од Битола покрај тоа што ќе биде заверка на понатамошниот пласман во СЕХА ќе биде и тест и за осминафиналето на Европската лига против германски Магдебург, и дуелот во домашното првество против Вардар.
Тренерот Жељко Бабиќ за престојните натпревари, како вели во мартовскиот ракометен маратон вели:
-Сами малку си го загорчивме распоредот, бидејќи продолжување да играме во Европа, па почна и СЕХА лигата и домашното првенство, па многу играме и многу патуваме. Веќе е малку поинаку за разлика од претходните години, па на тоа мора да гледаме како на предизвик. И јас како тренер треба да бидам подобар од претходно, треба да направам добар план, ротација и стратегија и да ги распоредиме силите за она што ни следи во март и април, и додава:
-Се сеќавам на натпреварот во Битола против Металопластика, бидејќи беше тежок дуел. Беше последен натпревар во тој дел од првенството и беше психолошко оптеретување за играчите. Сите тие, па и јас, бевме на пат кон дома и игравме тежок натпревар. Имавме проблеми во првиот дел, губевме и ловевме резултат. Сепак, во вториот дел пронајдовме баланс, посебно дефанзивен, и со индивидуални потези на некои играчи создадовме предност и издвојувавме победа во еден тежок и квалитетен натпревар, заврши хрватскиот стручњак.











