Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Пелистер во Шабац, против Металопластика

Металопластика – Еурофарм Пелистер 27:34 (14:16)

Тоа што го зацртаа ракометарите на Еурофарм Пелистер пред да отпатуваат од Битола во Шабац, да стигнат до победа во СЕХА лигата го остварија, ја победија Металопластика, за третата победа во ва натпреаврување.

Еурофарм Пелистер победи убедливо со резултат 27:34, полувреме 14:16, а победата беше најавена и на почетокот на натпреварот кога на стартот имаа 4:5, со можност за поголема разлика. На крајот од првото полувреме Пелистер замина на одмор со +2.На стартот на вториот дел,  во воведните десет минути во продолжението Еурофарм Пелистер покажа класа и квалитет, и благодарение на одличниот Чаневски на голот, се одлепи на +6 (18:24). Во последните десет минути влегоа со водство од десет гола, 20:30,  Вуковиќ веќе се предаде и Еурофарм Пелистер рутински го доигра натпреварот.

Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Eлмир Граџан со седум гола а Периќ и Мандалиниќ постигнаа по пет гола, а Чаневски имаше 15 одбрани.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »