Press "Enter" to skip to content

Гудиаби и Капинковски отпатуваа од Битола по позитивен резултат во Велес

Според тоа како игра и како освојува бодови Пелистер во Битола и во гости ги погоди засилувањата, а едно од нив е Сенегалскиот интернационалецот Омар Гудиаби, кој за денешниот попладневен натпревар во гости кај конкурентот за опстанок Борец, ни рече:-Стручниот штаб ми даде доверба. Дојдов тука во Битола, да му помогнам на тимот, бидејќи имаа потреба од бодови. Му благодарам на тренерот што верува во мене.  Ни следи тешко гостување против Борец, но очекувам максимален број на бодови. Одлично сме подготвени и верувам дека ќе подготвиме добра тактика за позитивен резултат.

Тренерот Капинковски е исто така оптимист, а денес ќе има голманот Талески, но не ќе може да смета на Дарко Илиески во одбраната, а за денешниот натпреавр вели:-Теренот ќе биде различен, вештачка наместо природна трева, но тактички и резултатски ќе биде сличен како оној во Битола. Одиме со исти желби и амбиции и надеж за добра игра и освојување на бодови. Дали тоа ќе биде еден или три, сеедно, табелата не ни дозволува да се опуштаме. Мора да собираме бодови и на домашен и на гостински терен. Истото се однесува и за Борец, па очекувам тврд и неизвесен натпревар и се надевам дека бодовите ќе ги впише мојата екипа, а за квалитетот на клубовите додаде:

-Сите екипи во ова првенство, посебно пролетва, се изедначени и секој против секого може да игра и натпреварот да биде неизвесен. Така беше и на натпреварот против Шкендија, каде имавме свои моменти, но не ги искористиме и противникот даде гол од својата шанса. Тој натпревар веќе е зад нас и се фокусираме на Борец“, заврши Капинковски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »