Press "Enter" to skip to content

Пелистер во Битола носи голем бод од гостувањето во Велес

Борец – Пелистер 0:0

Екипата на Пелистер од тешкото гостување во Велес, во Битола носи еден голе бод, многу значаен во борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, а спред извештаите од натпреварот “пелистерци“ имале добра игра во тешки услови за игра во снежни услови.

Уште на стартот на натпреварот во Велес, првото возбудување во шестата минута, кога Танушев со одличен удар со глава се закани кон домашниот гол, но не успеа да го надмудри Ефремов.

И во вториот дел Пелистер започна добро со иницијатива и прва шанса на Николовски од далечина, а потоа и во 56. минута Гудиаби од слободен удар. Во 62. минута велешани пропуштија две огромни шанси за водство, преку Омерагиќ и Ѓорѓиев. До крајот на натпреварот Гудиаби пропушти нова можност за гол, можеше да го проигра и Размоски.

Инаку, натпреварот во Велес го одбележа и недоличното однесувања на група навивачи на Борец, кои на почетокот на натпреварот на расистичка основа го навредуваа фудбалерот на Пелистер Нето. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »