Press "Enter" to skip to content

Еурфарм Пелистер во Битола рутински го победи Бутел во 2. коло од плеј-офот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Бутел 28:23 (13:11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола
Судии: Ѓорѓи Начевски и Исмаил Металари (Скопје)

Еурофарм Пелистер: Чаневски, Трајковски, Мараш 3, Ојлески 3, Маркоски 1, Маџовски, Кукуловски, Мандалиниќ 8, Радовиќ 1, Танкоски, Периќ 2, Костески 3, Кукоски, Велковски 2, Граџан 3, Ѓукиќ 2

Седмерци: 3/2, исклучувања: 12 минути

Бутел:  Даскаловски 1, Блажески, Младеновски, Стојановски, Ѓеоргиевски 1, Божиновски 1, Митев 3, Омерагиќ, Мојсоски 1, Спасовски, Милошески 3, Печенковски 1, Трифковиќ 5, Јевтиќ 5, Василевски, Мајиќ 2

Седмерци: 5/5, исклучувања: 2 минути Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола, во рамките на второто коло од  втората победа во плеј-офот, ја победија екипата на Бутел со 28:23, полувреме 13:11.

“Пелистрци“ одлично го отворија натпреварот со 5:0 до петтата мунута. Гостите во 12. минута намалија на 6:3, по што Бутел играше подобро, па на полувреме се замина со +2 за домашните, 13:11.И во вториот дел Еурофарм Пелистер одлично започна, а  во 37. минута веќе беше +5. Потоа гостите намалија на 22:19. Но тоа бепе малку за изненадување во Битола, па  Еурофарм Пелистер рутунски стигна до победа од 28:23. 

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Мандалиниќ со осум гола, а Мараш и Костевски постигнаа по три. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »