Денес, сабота е претпоследниот ден од 22. издание на Фестивалот на монодрамата кој го организира Центарот за култура од Битола, а ќе бидат изведени две монодрами, а ќе има и “офф програма“.
Во 12 часот во театарско бифе на НТ Битола, ќе се одржат Театарски кафе-муабети, во рамките на “Офф програма“.
Во 20 часот на сцената Театар -Бифе, ќе биде изведена монодрамата “Лидија или се што знам за жените“ по романот на Тихомир Јанчовски, а во режија и актерска игра наИгор Трпчески. Монодрамата е во продукција на Театарска Работилница од Прилеп.
Во 22 часот на Голема Сцена на Центар за култура, ќе биде изведена монодрамата “Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во режија и изведба на Ѓорги Јолевски. Монодраната е во копродукција на Македонски Народен театар од Скопје и “Перипетија Продукција“ од Скопје.











