На сцената на античкиот театар во Хераклеа кај Битола, Бајага и рок бендот “Инструктори“, одржаа спектакуларен концерт пред повеќе илјадната публика, која вечерва дојде на нивното концертно издание, како рекоа и самите после долго време во Битола, од каде имаат понесено најубави спомени.Љубители на рок бендот од разлипчни возрасти пееја и играа на безвремени хитови, а на концертот заедно со битолчани ја испеаја “Битола мој роден крај“, што беше најава за одличен концерт и заедничко пеење.
Повозрасните се вратија во младоста, а публиката од помладата генерациа уживаше во звуците на безвремените хитови Берлин, Мали слонови, Пољуби ме, Лимене трубе, Текула герила, Ти се љубиш (на тако добар начин), Нека свемир чује немир, Са друге стране јастука и други хитови кои публиката го пееше заедно со нив.
Бајага и неговиот рок бендот ги кренаа на нозе сите. Со скандирање публиката ги врати на бис, на што тие ја испочитуваа со звиците на познатите хитови Тамара и Зажмури.
Звездено небо направено од публиката пеејќи во еден глас публиката го направи амбиентот во амфитеатарот магичен и единствен. Вечер и ноќ како што може да се посака во звездена летна ноќ за публиката која присуствуваше на концертот.
Момчило Бајагиќ Бајага со другите членови на бендот : Жика Миленковиќ, Саша Локнер, Мирослав Цветковиќ, Чеда Мацура и Марко Њекиќ направија рок спектакл на сцената на антички амфитеатар во Хераклеа.
Нашиот фото објектив ви ја доловува атмосферата на сцената и публиката, низ галерија фотографии.
Концертот го оргзнизира “Авалон Продукција“.

Бајага и “Инструктори“ ја кренаа на нозе битолската публика во Хераклеа и заедно ги пееја безвремените хитови (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник на Битола – Методија Куновски и листата на советници (фотогалерија)
- Илија Димовски јуниорски победник во билјард, Тони Петровски во ветерани
- Двајца ловџии од Битола уловиле две срни, полицијата ги приведе
- СВР Битола: проведување за дрога, малолетничко насилство, со “шевролет“ излетал од патот
- Зајакнување на научно-истражувачките капацитети на УКЛО Битола со значајни резултати (7)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- “Широк Сокак во бело“ по 13 пат, на “Магнолија“ во Битола (мега фотогалерија)
- Детски хепенинг на 13. издание на “Широк Сокак во бело- Бела ноќ“ кај Офицерски во Битола (фотогалерија)
- Armin Van Buuren сет визуелно музичко патување и спектакл на стадионот во Битола, уживаше публика од 10 илјади (фотогалерија+видео)
- Теа Таировиќ ја разгоре атмосферата на ракометно игралиште во Битола (фотогалерија)
- Ламбе Алабаковски и “Како пиреј“ за старт на продолжението на проектот „Македонијо во срце те носиме“ (видео)