Со одржувањето на втората фестивалска вечер, синоќа во Старата чаршија во Битола заврши 4. по ред “Фестивалот на староградска музика и вино“, кој како и претходните три помина во одлична атмосфера, а дел од гостите понесени од звуците на староградската музика, а на платото пред “Малиот битолски Монмартр“, како и петокот гостите слушаа музика, старогрдски песни, а на крајот понесени од се што се случуваше и заиграа.
За двете вечери да останат во сеќавање на присутните битолчани од чаршијата во Битола, на малиот чаршиски плоштад, пред “Малиот битолски монмартр“ се погрижија групите “Мелос бенд“, “Деспина“, “Боеми“, Тамара Стојковска, “Чупињата“, Стрингс и легендарниот Нино Величковски.
Амбиентот на старата битолска чаршија во Битола, повторно се исполни со звуците на старите песни, народни и оние обнародени, кои заедно го изведувачите ги пееја и гостите.
Манифестацијата „Фестивал на староградска музика и вино“ се одржува во Битола, четврта година по ред, а организаторот сака на некој подруг начин да го врати сјајот на битолската чаршија.
Многу битолчани сакаат се присетат на еден период поточно во 80-90 години, кога тука беа кафулината, а повозрасните на некое друго подалечно време, кога тука беа занаетите, кафаните…, а улиците беа корзо и шетање.
Потребни се повеќе манифестации, со различни содржини, со кои би се вратиле традициналните и културни вредности кои и ги поседува оваа чаршија, а и секако Битола.

Се одржа 4. по ред “Фестивалот на староградска музика и вино“ во старата чаршија во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес се празнува Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица
- Во Битола променливо облачно, попладне дожд, температурата до 28 степени
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со Советот за женско претприемништво
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- “Широк Сокак во бело“ по 14 пат, на “Магнолија“ во Битола (мега фотогалерија)
- “Бела ноќ“ во Битола – за најмалите кај Офицерски на 21 август, на “Магнолија“ на 22 август
- Прва вечер на годинашниот 9. “Фестивал на староградска музика“ во Старата битолска чаршија во Битола (фотогалерија)
- Концерт на Жељко Самарџиќ во Хераклеја, вечер исполнета со емоции и песни што не стареат (фотогалерија)
- “Лето е“ нова песна на Ангела Илиевска










