Во Центар за култура-Битола, пред бројна публика, со своја самостојна изложба се претстави Сандра Котевска. Нејзиниот сликарски циклус носи наслов – Фрагменти светлина. Во исто време, Маријана Котевска-Георгиева ја промовираше својата поетска збирка “Карши“.
Изложбата е концептуален водич на оваа двојна уметничка презентација.
Што се однесува до стихозбирката Карши, таа веќе ја имаше својата промоција пред скопската публика, но со длабока почит и љубов кон Битола, авторката одлучи книгата своја промоција да има и во овој град. Карши е издадена на македонски и на англиски јазик, и е во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина Публикации.
Корелацијата која метатекстуално меѓусебе ја остварија двата уметнички света, оној на сликарството и оној на поезијата, ги натера двете уметници да соработуваат, со тоа што, фрагменти од изложените слики, се воедно и илустрации кои ќе ги видите меѓу страниците на поетската збирка „Карши“.
Промотори кои поблиску го доловија јазикот на авторките беа Владо Ѓорески-Рафикот и професор Иван Додовски. Специјален гостин на настанот беше Бранислав Николов, фронтменот на групата “Фолтин“.

Двојна уметничка презентација, изложба и промоција на книга во Центарот за култура (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за Битола и битолчани и Битола
- Во Битола променливо облачно, температурата до 23 степени
- Фото на денот: кај безистенот, 8,30 часот, 15 степени
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите
More from КултураMore posts in Култура »
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)










