Во последниот текст од оваа рубрика, пред седум дена, мината недела, се осврнав на повеќе настани кои се случија во овој период пред 10 години во 2011 година, но бидејќи се ближи дочекот на 2022 година, за кој ни остануваат уште пет дена, се одлучив и овој текст да биде во тој стил, вели Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-На десетина дена на истекот на таа 2011 година снегот започна да врне на 21 декември во вечерните часови, за потоа наредниот ден 22 декември, Битола да биде покриена со снежна покривка од околу трисетина сантиметри, вели Миновски, кој додава:
-Ден со отежнато движење на битолчани, поради стандардните “снежни“ проблеми, студ, неисчистени улици, проблеми со автомобилите, со чистење на влезовите во куќите, зградите, дуќаните, но затоа вечерта и во наредните денови до крајот на годината имавме прекрасна снежна идила, која ќе ви пренесеме преку дваестина фотографии направени дента, веднаш по паѓањето на снегот, и во вечерните часови наредните вечери, пред новата, тогаш 2012 година.
Се надевам дека ќе уживате во фотографиите и ќе се потсетите, можеби со носталгија, со некои добри или лоши спомени, а со желба добрите да преовладуваат во новата 2022 година, која ни е на прагот.

Деновиве пред 10 години: Денска и ноќна новогодишна разгледница од Битола во 2011 година (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










