Попладнево во Битола заврши дводневниот шаховски турнир “Державин 2022“ во организација на Славјанскиот институр “Державин“ на кој учествуваа 150 шахисти од пет држави.
На доделувањето на наградите на најдобрите шахисти беше присутен и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој ред да го додели наградите на најдобрите пред присутите во анфиетатарот на “Славјански“ рече:
-Ме радува тоа што квалитетот е на повисоко ниво и дека има толку голем број на шахисти од пет држави. Тука ги гледам мои пријатели, колеги кои го сакаат шахот како спортска дисциплина која е многу племенита, а се радувам и што гледам битолски шахисти.
Победник на турнирот е Филип Панчевски, репрезентативец, кој игра прва табла во дресот на Македонија со освоени 8 поени. Панчевски доби златна плакета, диплома и парична награда од 20.000 денари.
Второ пласиран е Емил Ристевски со 7 поени, а на трето место Тони Лазаревски исто така со 7 поени.
Во младинска категорија, шахисти под 18 години, победници се Викторија Велевска и Матеј Звездаковски.
Во категорија ветерани над 65 години победник е Константин Присаѓанец, а Александар Нолевски е надобро пласиран шахист кој нема рејтинг.
Најдобро пласиран битоланец е Марјан Христовски од шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола.

Филип Панчевски победник на шаховскиот турнир “Державин“, Марјан Христовски најдобар шахист од Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ дизелот поевтинува 4,5 денари за литар, бензините поскапуваат за денар
- РЕК “Битола“ активен учесник на годинешната меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ во организација на ЗЕМАК
- Битола живееше со науката на Европската ноќ на истражувачи 2026 (мега фотогалерија)
- Општина Новаци: платена школарината на сите бруцоши за прва година од Општина Новаци
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
More from СпортMore posts in Спорт »
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан









