Press "Enter" to skip to content

Пелистер со победа ја заврши првата сезона во регионалната АБА2 лига

КК Пелистер – Спарс Сараево 97:90

Со победата во АБА2 лигата, во последното 13. коло, кошаркарите на Пелистер ја завршија својата прва сезона во ова регионално натпреварување. Екипата од Битола попладнево во Широки Бријег го совлада учесникот на завршниот турнир, Спарс од Сараево со 97:90 и со оваа победа со вкупен скор, четири победи и 9 порази се на 11 место на табелата во регуларниот дел од сезоната.

“Пелистерци“  во денешниот натпревар ги добија сите четири четвртини на последниот натпревар од турнирот во Широки Бријег. Имаа постојано водство, и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да го стигне или пак да направи пресврт.

Уште еднаш, не само во оваа сезона, одлично издание имаше двоецот Малешевиќ-Кесар. Реализираа 47, од крајните 97. поени. А двоцифрен број на поен имаше и третиот српски интернационалец во тимот од Битола, Николиќ, кој дополни со 13.поени, за збир од 60. поени кои дојдоа од овие тројца кошаркари.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »