Како и се очекуваше за реванштот во осминафиналето ќе има нов ракометен спектакл во Битола, а потврда на тоа е што влезниците за натпреварот против Нексе се расподадени за помалку од половина час.
Реваншот во Лигата на Европа ќе се игра пред полни трибини во Битола, а најракометниот град Македонија повторно ќе блесне во полн сјај, а навивачката група “Чкембари“ заедно со останатите љубители на ракометотмво Битола ќе направат пеколна атмосфера.
Клубот од Битола денес ја информираше јавноста дека влезниците биле распродадени во рекорден период, во еден час.
Реваншот се игра на 5 април со почеток од 18:45 во салата “Боро Чурлевски“.