Викендов во Белград, Србија, во Светскиот центар, се одржа меѓународен семинар за реален аикидо на кој учествуваше македонската аикидо репрезенрација, предводена од селекторот Ѓуро Илиќ од Битола, а во тимот беа и членовите на аикидо клубот Пелистер од Битола.
По презентацијата која ја имаше Илиќ со својот тим пред врвни аикидо мајстори, тренери и спортисти, на Ѓуро Илиќ – мајстор 7 ДАН му беше доделена нова титула, односно беше промовиран во мајстор по реален аикидо 8 ДАН. Титулата му ја врачи Ана Врачаревиќ – аикидо мајстор 9 ДАН.
По враќањето во Битола, сега веќе мајсторот 8 ДАН, Ѓуро Илиќ ни рече:
-Оваа титула значи вреднување на се она што го работев на теоретски и практичен план по добивањето на сега веќе старата титула, 7 ДАН, која ја добив пред околу 15 години. Новата титула, како пишува во образложението ми е доделена за заслуги, одржување на семинари, натпревари, издавачка дејност, одржување на полагања за повисоки појаси и за работа во Аиакидо федерацијата. Јас бев единствен кој ја доби оваа титула, а посебна чест ми што ја добив во салата каде работеше основачот на реалниот аикидо Љубомир Врачаревиќ во Белград, а ми ја додели неговата ќерќа Ана, носител на 9 ДАН.
Инаку, оваа титула е единствена во рамките на Светскиот центар за реален аикидо, кој обединува околу 40 земји од светот, кои се членки на AJBA, светската организација на јапонски вештини.
Вреди да се спомене и тоа што на овој значаен чин во Белград, во знак на почит кон Ѓуро Илиќ не беа доделени други тотули, односно не беа промовирани други поединци.

Ѓуро Илиќ во Белград промовиран во мајстор по реален аикидо со титула 8 ДАН (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ дизелот поевтинува 4,5 денари за литар, бензините поскапуваат за денар
- РЕК “Битола“ активен учесник на годинешната меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ во организација на ЗЕМАК
- Битола живееше со науката на Европската ноќ на истражувачи 2026 (мега фотогалерија)
- Општина Новаци: платена школарината на сите бруцоши за прва година од Општина Новаци
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
More from СпортMore posts in Спорт »
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан









