Една од легендите на битолскиот ракомет секако е некогашниот тренер на Пелистер, Касим Каменица, кој денес беше во Битола како дел од екипата на Нексе, заедно со сопственикот на Нексе, Јосип Ерговиќ.
Иако, Касим во салата “Боро Чурлевски“ влезе незабележително, кога се качи на трибините веднаш беше препознат од битолчани, а од тој дел трибината доби аплауз, на кој според тоа како реагираше не остана рамнодушен. Помладата публика не ја препозна оваа ракометна, може слободно да кажеме, битолска легенда, но повозрасните го препознаа.
А, една друга легенда, која во времето на Касим беше еден од “најватренире“ навивачи, Какале, му приде и му посака добредојде на Касим во Битола, а малку и си поприкажуваа. Одличната атмосфера која беше во Битола сигурно го потсети Касим на времете кога беше, долу, на паркетот и го водеше Пелистер.

Касим Каменица ги собра аплаузите пред почетокот на натпреварот, а добредојде му посака Какале (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ дизелот поевтинува 4,5 денари за литар, бензините поскапуваат за денар
- РЕК “Битола“ активен учесник на годинешната меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ во организација на ЗЕМАК
- Битола живееше со науката на Европската ноќ на истражувачи 2026 (мега фотогалерија)
- Општина Новаци: платена школарината на сите бруцоши за прва година од Општина Новаци
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
More from СпортMore posts in Спорт »
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан









