Денеска целото внимание на љубителите на спортот во Битола ќе биде насочено кон натпреаварот кој ќе ја реши дилемата кој ќе биде шампион на Македоинија во ракомет, а таа дилема ќе ја решаваат екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар. Екипата на Еурофарм Пелистер денес во Битола ќе пристигне од Струга, каде три дена се повлечени и далеку од битолскиот притисок се подгоствуваат за натпреварот на сезоната. Влезниците се распродадени за само 15 минури, а во Битола се до почетокот на натпреварот ќе се бара влезница плус. За оние кои нема да набават влезница ќе има видео бим на платото кај Офицерски, каде во 14 часот ќе биде отворена фан зоната, а натпреварот започнува во 19 часот.

Спортско празнична недела во Битола, ракометно дерби со Вардар, кошаркарите против Еуро Никел
Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, и актуелен лидер на табелата преку социјалните мрежи ги повика битолчани на уште еден спортски спектакл со почеток во 14 часот. Во рамките на 4 коло од Суперлигата, домаќинот ја пречекува екипата на Еуро Никел од Кавадарци. КК Пелистер ја повика својата публика за заедно да го направиме домашниот терен неосвоив.
Битолско – кавадаречка битка ќе се следи и на фудбалскиот стадион, каде Пелистер ќе го пречека составот на Тиквеш. „Пелистерци“ ги загубија шансите за опстанок.
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ дизелот поевтинува 4,5 денари за литар, бензините поскапуваат за денар
- РЕК “Битола“ активен учесник на годинешната меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ во организација на ЗЕМАК
- Битола живееше со науката на Европската ноќ на истражувачи 2026 (мега фотогалерија)
- Општина Новаци: платена школарината на сите бруцоши за прва година од Општина Новаци
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
More from СпортMore posts in Спорт »
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан









