Општина Битола, ги започна работните активности со кои две улици во населбата “Буковски ливади“ ќе добијат ново улично осветлување. Вкупната должина на која се поставува осветлувањето во населбата изнесува 900 метри. Во моментот на терен се одвиваат градежните работи, како и работа на фундаменти и столбови, по што ќе следува поставувањето на ново улично лед осветлување. Вредноста на инвестицијата, изнесува 1 680 000 денари.Улицата 4 та ќе добие комплетно ново осветлување, а на улицата Буковски мост, на потегот од раскрсницата со патот за село Бистрица, до спојот со улица Панде Илковски, се врши дополнување на осветлувањето. Новото улично осветлување, во овој дел на градот ќе го опфати и поврзувањето со патот за село Бистрица, со што ќе се овозможи и решавање на досегашниот сообраќаен проблем, кој поради неосветленоста беше често изразен во вечерните часови.
Две улици во населбата “Буковски ливади“ ќе добијат ново улично осветлување
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)