Вечерва во Центарот за култура во Битола се одржа Јубилејниот концерт на Државното музичко училиште од Битола, по повод 75 годишниот јубилеј од постоењето на училиштето, а на него присуствуваа пријатели, роднини, љубители на музиката од Битола и околните градови.
Учениците и нивните наставници од ова музичко училиште од Битола имаа одлични изведби на одлично претходно подготвени музички точки.
На големата сцена во Големата сала на Центарот за култура се појавија и поранешни ученици од Музичкото училиште, за кои слободно може да се каже дека повеќето од нив, веќе се врвни музичари.
Вечерва по завршувањето на јубулејниот концерт ќе се одржи и Собирот на генерации од Државното музичко училиште, односно како рекоа, ќе се собере на едно место музичкото семејство, на јубилејната прослава по повод 75 години од постоењето на училиштето.
[ngg src=”galleries” ids=”1030″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]











