На градскиот стадион “Петар Милошевски“ во Битола викендов ќе се одржи по 8. пат меморијалниот фудбалски турнир во фудбал “Јове Димовски – Начко 2022“, а оваа година се одигра ревијален натпревар со гостинската екипа Бараево, Белград, фудбалскиот клуб Вранич.Како и секоја година организатори на турнирот се другарите на прерано починатиот Јове Димовски – Начко, кои се организирани со Здружение кое го носи неговото име. Но, оваа година за прв пат турнирот има меѓународен карактер.
За годинашниот турнир, и за Јове Начко, Горан Шундовски, рече:-Денес е голем ден, за нас, бидејќи на овој ден е роден нашиот пријател, кој за жел веќе го нема, Јован Димовски – Начко. И покрај фактот што тој не е физички со нас, ние знаеме дека тој е тука заедно со нас, и дека неговиот дух денес е меѓу нас. Господ сакал токму на овој ден во негова чест да ги споделиме нашите прекрасни спомени за него на овој ден. Мене, а и на сите останите ни е драго што ја продолжуваме традицијата, која се надевам идната година ќе продолжи со нови содржини.
Годинава натпреварот во фудбал на Градскиот стадион во Битола го одбележи турнирот, а ова за ЗФСК Начко од Битола е прв меѓународен натпревар за нив, а противник им беше екиоата на Вранич, општина Барајево, Белград.Натпреварот заврши со победа на домаќините со 2:1.
-Турнирот за нас е прво да го одржиме споменот и сеќавањата за нашиот Јове – Начко, за кој сите ние го пометиме само по убави нешта. Потоа доаѓа дружењето, а оваа година имавме прилидка да бидеме домаќини на фудбалерите од Србија. Што се однесува пак до напреварот победивме со 2:1, со головите на Петровски во 15 и Геровски во 61 минута, а голот за гостите го постигна Стјепановиќ во 68 минута, рече Владимир Наковски. Ова е наше прво излегување на Градскиот стадион и се надевам дека во иднина ќе имаме поголем број на екипи, како од Битола, така и од надвор. Покрај тоа гостите уживаа да играат на Градскиот стадион во Битола, ќе понесат убави спомени од прошетката низ Битола, по Широк Сокак, а ги посетија и Српските гробишта од Првата Светска војна, каде заедно со домаќините положија цвеќе.