Press "Enter" to skip to content

Нова донација на брачниот пар Марија и Томас од Шведска во домот “Кочо Рацин“ (фото)

Денес на свечен начин беше во употреба предадена донацијата на брачниот пар Марија и Томас Русенгрен, наменета за домот за деца со оштетен говор и слух “Кочо Рацин“ од Битола. Донацијата овој пат се состои во средства со кои беа темелно реновирани кујната во која се хранат децата и помошните простории (санитарниот јазол).

Според хуманитарката Марија Русенгрен, која по потекло е битолчанка а денес живее во Шведска, преку НВО „Од рака на рака“ во “Кочо Рацин“ досега се вложени околу 100.000 евра.-Соработката со домот “Кочо Рацин“ од Битола започна пред една и пол година во летото 2016 година и се надевам дека и во иднина ќе продолжи. Според она што го гледам мислам дека се она што е направено е прифатено од сите вработени, но ме радува дека се што е тука донирано ќе помогне за да се подобри квалитетот на животот на овие деца кои се школуваат и престојуваат тука. Покрај во Домот “Кочо Рацин“ имаме донации досега и во битолската клиничка болница во Битола во висина од околу 900.000 илјади евра, а продолжуваме со проектот во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, рече Марија Русенгрен, која нагласи дека не го крие задоволството од средбата со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, на која и соопштиле кои се плановите за наредните донации во Битола, а од неа добиле поддршка за нивната хуманитарна организација “Од рака на рака“ од Кралството Шведска.Директорката на домот Вилма Петровска – Анастасова, изрази голема благодарност до Марија и нејзнината невладина хуманитарна организација, која рече дека сега проблемите околу санитарниот јазол се минато за овој дом, а рече дека тие прават се да им помогнат да се подобрат условите на децата во Домот.

Таа нагласи дека веќе се разговара за идните проекти, односно за идните донации во Домот, а Марија Русенгрем додаде дека во план имаат и опремување на сензорна соба и во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »